Си-Ен-Ен: Венецуела продавала пасоши на лица поврзани со тероризам во Ирак и Сирија

Од:

Властите на Венецуела, илегално и за „големи пари“, продавале венецуелски пасоши, визи и лични карти на лица од регионот на Блискиот Исток, меѓу кои имало дилери на дрога, но веројатно и лица кои имале врски со тероризмот, открива Си-Ен-Ен, повикувајќи се на сведочењето на двајца поранешни функционери од оваа јужноамериканска земја.

Станува збор за „тајна шема“ што ја открил еден поранешен дипломат во амбасадата на Венецуела во Ирак, кој побегнал и добил азил во Шпанија. Според него, во целата шема биле вклучени вработени во дипломатската мисија, а за тоа знаел и венецуелскиот амбасадор.

Истрагата покажала дека биле издадени најмалку 173 пасоши на „лажни“ Венецуелци во Багдад, но со таа операција не биле опфатени само Ирачани кои сакале да побегнат од својата земја, туку и Сиријци, како и државјани на трети земји, за кои постои сомнеж дека се поврзани со милитантната група Хезболах.

Според изворот на Си-Ен-Ен, Амбасадата во Багдад им продала пасоши со виза на Венецуела и со добиен лажен идентитет на 13 Сиријци, за што секој од нив на луѓе од персоналот на мисијата им платиле по 10 илјади долари.

Со пасошот на оваа земја од Јужна Америка, може слободно и без визи да се патува во повеќе од 130 земји од светот, вклучувајќи и 26 членки на ЕУ, но не и во САД, за каде е неопходна американска виза.

Дипломатот што ја открил шемата за продавање пасоши и визи, откако во јули 2013 година дошол да работи во мисијата во ирачкиот главен град, ги известил амбасадорот, а подоцна и Министерството за надворешни работи во Каракас и шефот на дипломатијата Делоси Родригез, но никој не реагирал на откриениот криминал.

Стравувајќи од можноста некои од ваквите пасоши да се најдат и во рацете на терористи, тој го известил американското Федерално истражно биро (ФБИ), по што била покрената истрага. Со неа биле опфатени САД, Шпанија, Венецуела и Велика Британија, но ФБИ сега одбива да го коментира целиот случај.

Властите на Венецуела ги отфрлаат како неточни ваквите тврдиња, но го обвинија својот дипломат во Багдад за „издавење службени и доверливи информаци“. Тој бил отпуштен од работа, а полицијата во Каракас извршила претрес во неговиот дом.

Новинарското истражување на Си-Ен-Ен подоцна покажало дека целата афера е поврзана со новопоставениот венецуелски потпретседател Тарек ел Асами, кој во минатото беше и министер за имиграција.

Оваа американска телевизија тврди дека шемата со пасоши за пари за државјани на други земји, во Венецуела е почната уште во годините кога претседател на државата беше Уго Чавез.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски