Си-ен-ен: Официјални лица се сретнаа со директори на големи американски банки за заштита од потенцијални руски кибер напади

Од:

Официјални лица од повеќе американски агенции денеска се состанаа со директори на големите американски банки со цел да разговараат за тоа како би можеле да одговорат на евентуални руски хакерски напади, бидејќи американските официјални лица предупредуваат дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, изјавија за Си-Ен-Ен извори информирани за состанокот.

Состанокот, кој се однесува на заштита од потенцијални обиди за кибер напади од Русија против американските финансиски институции доколку администрацијата на Бајден санкционира руски ентитети, покажува како американските власти продолжуваат да го гледаат кибер просторот како домен на ризик се додека кризата во Украина се одолговлекува.

Официјални лица од Белата куќа, Министерството за финансии, ФБИ и Американската агенција за кибер-безбедност и инфраструктурна безбедност, присуствуваа на денешниот состанок, изјавија лица запознати со средбата. Биле поканети директорите на JPMorgan Chase и Citigroup, која е единствената американска банка што моментално работи во Украина.

– Имаме добар увид во руските способности, или оние на подредените актери, врз основа на минатите дејствија, така што му пристапивме на овој процес имајќи ги предвид тие нивни акции, изјави американски функционер за Си-Ен-Ен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти