„Си-ен-ен“: Идната недела би можел да биде објавен крајот на истрагата на Малер за вмешаноста на Русија

Од:

Јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар би можел уште идната недела да објави крај на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводната вмешаност на Русија во претседалските избори на САД и заговор меѓу кампањата на Доналд Трамп и Кремљ, објави синоќа „Си-ен-ен“.

Телевизијата, која се повикува на извори запознати со плановите на јавниот обвинител, укажува дека Бар прави подготовки да се објават резултатите и тоа значи дека Малер ја завршил речиси двегодишната истрага, но и дека не е исклучено и одложување на објавувањето. Според законот, со завршување на својата работа специјалниот обвинител треба да приложи до јавниот обвинител извештај со назнака „доверливо“, но процедурата наложува друг извештај да биде приложен и до Конгресот и јавноста.

– Како резултат на ова, една од најголемите дилеми со кои Бар ќе се соочи во наредниот период е тоа до каков степен да се откријат заклучоците на Малер, коментира „Си-ен-ен“.

Нејасно е колку време ќе биде потребно Министерството за правда (кое е раководено од јавниот обвинител) да го подготви својот извештај од заклучоците на истрагата и да го приложи до Конгресот. Со оглед на претстојната средба на претседателот на САД, Доналд Трамп со севернокерејскиот лидер Ким Џонг-ун, роковите можат да бидат поместени, истакнуваат од телевизијата.

Министерството за правда и специјалниот обвинител се откажаа да коментираат. На сослушување пред сенатската Комисија за правда минатиот месец Бар во врска со заклучоците од истрагата на Малер истакна дека ќе биде „колку што е можно повеќе транспарентен“ за Конгресот и јавноста.

Американскиот претседател изјави дека Бар треба самиот да реши дали ќе го објави извештајот на специјалниот обвинител. „Тоа целосно зависи од новиот јавен обвинител. Тој е прекрасен човек кој навистина ја цени оваа земја и го цени Министерството за правда, изјави Трамп одговорајќи на прашања на новинари во Белата куќа.

Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за „руската вмешаност“ започна на 17 мај 2017 година. Посебни истраги за ова се водеа и во Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, чиј заклучок е следен: Русија навистина се мешала во изборните процеси на САД, но законодавците не можат да постигнат единствено мислење за врските на Трамп со Кремљ.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски