Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да се испратат сите расположливи сили во Тибет за да се спасат што е можно повеќе луѓе по земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот.
Си Џинпинг, исто така, повика на превенција од катастрофи, соодветно преселување на погодените жители и ефикасно справување со последиците од несреќата, објави новинската агенција Ксинхуа.
„Неопходно е да се зајакне следењето на земјотресот и рано предупредување, брзо да се дистрибуира итна помош за спасување, да се забрза поправката на оштетената инфраструктура, да се обезбедат основните потреби на населението и да се гарантира безбеден зимски период за сите“,Си Џинпинг.