Аргентинската полиција уапси тројца осомничени за трговија со дрога кои за шверц на марихуана користеле гулаби, соопштија властите.
Во текот на претресот на куќа во Буенос Аирес, полицијата најде марихуана и кафез во која биле два бели гулаби на кои околу вратот веќе им биле врзани пакетчиња со марихуана.
Според полицијата, губалите одржувале курирска врска меѓу претресените куќи и еден гулабарник кој бил под контрола на дилери.
– Експертите ни укажаа дека извежбан гулаб може да направи и 20 шверц-летови дневно, изјави полициски комесар.