Швеѓанец го чувал трупот на својата пријателка во замрзнувач и продолжил да ја прима нејзината пензија

Од:

55-годишен Швеѓанец е обвинет за измама и фалсификување евиденции затоа што ја ставил својата мртва пријателка во замрзнувач и ја искеширал нејзината пензија. Шведското обвинителство смета дека човекот, кој не е именуван, извршил „систематска“ измама и се стекнал со корист од 1,3 милиони круни (околу 110.000 евра), пишува Sky News.

Обвинетиот на инспекторите им рекол дека телото на својата пријателка, која е Норвежанка, го ставил во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивната куќа. По нејзината смрт тој ги уверил семејството и пријателите дека жената е се уште жива. Двајцата живееле во Арјанг, околу 340 километри западно од главниот град Стокхолм.

„Сигурно беше многу стресно за семејството и пријателите да дознаат на овој начин дека жената била мртва подолго време. Мажот го користел замрзнувачот и за други намени, што верувам значи дека секој пат кога замрзнувачот е отворен или затворено, нарушен е гробниот мир на починатиот и претставува отежителна околност“, изјави обвинителката Линда Карлсон.

Телото било откриено во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во затвор. Се уште не е јасно кога жената починала. Отпрвин, инспекторите веруваа дека жената е убиена, но истрагата не најде докази за поддршка на таа претпоставка.

Сепак, иследниците веруваат дека мажот некако користел помошници за да го придвижи телото, па не исклучуваат дека некој друг е вмешан. Почетокот на судењето е закажан за крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Осигурителна измама во Тетово: Лажен агент измамил познаник за 9.200 евра

Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва

Директорот на „Стрежево“ купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Кривична за двајца измамници кои од брачен пар од Струмица зеле 3.000 евра

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки