Шведскиот премиер бара помош од армијата поради зголемените уличните пресметки на бандите

Од:

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го повика врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел Биден да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со конфликтот меѓу криминалните банди.

Двајцата денеска ќе се сретнат со началникот на полицијата за да разговараат за улогата на војската, јавува Би-Би-Си.

Биден за весникот „Дагенс нихетер“ изјави дека е подготвен да и помогне на полицијата.

Не е јасно како точно ќе се вклучи војската, но имаше најави дека војниците би можеле да преземат некои полициски должности за да ги ослободат полициските ресурси за борба против криминалот.

Во Шведска овој месец во конфликт меѓу криминални групи загинаа 12 лица, што е најголем број од декември 2019 година, објавија локалните медиуми.

Кристерсон рече дека Шведска досега не видела вакво нешто и дека „ниту една друга земја во Европа“ не доживеала ваква ситуација.

Тој изјави дека децата и невините случајни минувачи се повеќе страдаат во конфликти со банди.

Во извештајот на шведската влада објавен во 2021 година се наведува дека четири лица на милион луѓе годишно умираат во престрелки, што е повисоко од европскиот просек од 1,6 луѓе на милион луѓе.

Шведската полиција ја поврзува високата стапка на криминал со лошата интеграција на имигрантите, проширувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и употребата на дрогата.

Би можело да ве интересира

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на нуклеарниот реактор во Запорожје

Израелската војска уби бремена Палестинка на Западниот Брег

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски