Шведската Влада денеска одлучи да одвои во следните пет години 200 милиони долари за хуманитарна помош за Сирија.
Според шведската министерка за меѓународна соработка за развој, Исабела Ловин средствата ќе бидат испратени во фондови на ОН, ЕУ и граѓански организации.
– Тоа се мерки, потребни за да се обезбеди мир, истакна Ловин.
Парите ќе се искористат за училиштата и здравствените установи, како и за потребите на сириските бегалци во соседните земји – Либан, Јордан и Турција.
Таа нагласи дека помошта не е наменета за поддршка на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.