Шведска не може да верува во помош од НАТО

Од:

Шведска не може да биде сигурна дека НАТО ќе и помогне при евентуална агресија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен за време на неговата посета на Народната и одбранбена државна конференција во Селен.

Расмусен беше дециден дека колективната одбрана на НАТО се гарантира само во однос на земјите-членки на Алијансата. Шведска има неутрален статус во однос на воено-политичките блокови и алијанси, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Верувам дека сите во Шведска ја разбираат разликата да се биде членка или не, подвлече Расмусен.

Според него не може да се биде надвор од НАТО и истовремено да се ползува сето она што НАТО го дава. Расмусен даде пример на жена која е или бремена или не е.

Изјавата на генералниот секретар на НАТО е дадена во контекст на неодамнешната јавно изнесена оценка на началникот на Генералштабот на шведските оружени сили, Сверкер Јорансон, кој укажа дека Шведска во случај на напад би можела да брани дел од својата територија само една недела.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски