Швајцарскиот претседател: Нашето оружје во Украина, ништо од тоа

Од:

Претседателот на Швајцарија, Ален Берсет, посветен на неутралноста на својата земја и голем противник на испраќањето оружје во Украина, го осуди лудилото на војната, според неговото интервју за неделното издание на весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ).

„Го чувствувам ова воено лудило во некои кругови. И многу сум загрижен поради тоа, бидејќи ова чувство почива на краткорочна визија“, рече Берсет, додавајќи дека швајцарското оружје не треба да се користи во војни. Социјалдемократскиот претседател од кантонот Фрибург истакна дека ставот на Федералниот совет по ова прашање е многу јасен.

„Го разбирам и почитувам фактот дека другите земји имаат поинакво гледиште, но треба да се почитува и швајцарската гледна точка. Едноставно да се каже дека ситуацијата е поинаква сега и дека Швајцарија мора да промени сè без оглед на нејзините правни основи не е можно“, цврсто нагласи Берсет.

Имено, дебатата за неутралноста на Швајцарија трае уште од руската инвазија на Украина на 24 февруари минатата година. Швајцарија, која не е членка на Европската унија, ги воведе сите санкции на европскиот блок против Русија, оценувајќи дека се компатибилни со неутралноста на земјата, но Швајцарците ги отфрлаат барањата на Германија, Шпанија и Данска да им се дозволи да се пренасочи увезеното швајцарско оружје и муниција во Украина.

Неколку иницијативи беа поднесени пред парламентот за релаксирање на тие правила, но ќе поминат месеци пред да се донесе одлука. За време на посетата на ОН, Берсет рече дека ова не е момент за промени и дека не може да се прават исклучоци, бранејќи ја традиционалната позиција на својата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски