Швајцарија избра американски Ф-35, наместо француските „Рафали“, Макрон ја откажа посетата на неговиот швајцарски колега

Од:

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откриваат швајцарските медиуми. Во прашање е изборот на Швајцарија направен во јуни да купи американски авиони за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“.

Според денешните неделни изданија на швајцарските медиуми, Ги Пармелин, претседателот на Швајцарската конфедерација, нема да допатува во Париз во ноември на официјална посета на Елисејската палата. Тие сметаат дека тоа е одмаздата на Париз кон Берн.

Откажувањето на оваа посета на Франција, според нив, е поврзано со изборот во јуни од страна на Швајцарија на американски авиони Ф-35 на штета на францускиот ловец „Рафал“, за да ја обнови својата воена флота. Франција ја откажа посетата закажана во Париз меѓу претседателите Ги Пармелин и Емануел Макрон, пренесуваат швајцарските весници „Ле Матин Диманш“ и „СонтагЗајтунг“.

Според швајцарските медиуми, посетата била закажана пред шест месеци. Швајцарската Влада го минимизира ваквиот потег, велејќи дека „посетата не била целосно договорена, и не станува збор за откажување на потврден состанок“, пренесува швајцарската РТС.

Последната посета на претседател на Швајцарската конфедерација на Франција била во септември 2018 година.

Соопштението доаѓа во момент кога Франција е во дипломатска криза со Австралија. Канбера одлучи да се повлече од договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (56 милијарди евра) за купување француски подморници во корист на американски бродови на нуклеарен погон.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт