Шулгин: Истрагата за нервниот агенс во „Случајот Скрипал“ нема да покаже во која земја бил произведен

Од:

Експертизата на техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) ќе резултира со заклучоци само за хемискиот состав на супстанцата со која беа отруени поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, но нема да покаже од каде потекнува агенсот, изјави рускиот постојан претставник во ОПЦВ, Александар Шулгин.

– Техничката експертиза може да даде само еден резултат – за хемискиот состав на материјата што се користила во Солсбери, без податоци за земјата на потекло и без посочување одговорност, изјави Шулгин.

Тој рече дека резултатите од анализата на материјата би можеле да бидат објавени за една недела.

– Групата експерти на ОПЦВ веќе се вратија во Хаг. Тие донесоа примероци земени во Англија. Овие примероци се поделени на неколку делови и сега се анализираат во две сертифицирани лаборатории на ОПЦВ. Резултатите ќе бидат познати кон крајот на оваа или почетокот на следната недела, изјави Шулгин во емисијата „60 минути” на рускиот канал Росија 1.

Шулгин потенцираше дека Русија нема да ги прифати резултатите од истрагата на несреќата во Солсбери, доколку во неа не учествуваат руски експерти.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје