Претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц денеска предупреди дека ултранационалистите се закана за темелите на европската демократија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, на последната пленарна седница на Евриопарламентот со која претседава Шулц предупреди дека секаде на европскиот континент во подем се „тие што делат и ултранационалистите“,
– Тие ги мотивираат луѓето да се свртат едни против други и се залагаат за укинување на либералните, социјалните и еколошките модели на европското општество. Преку овие напори тие ги загрозуваат најголемите дострели на европската цивилизација, изјави Шулц кој е еден од лидерите на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), кои се борат за позицијата партиски кандидат за нов германски канцелар.
Шулц од јули 2014 година е прв човек на Европскиот парламент, а наредната година ќе биде дел од кандидатската листа на СПД за сојузните избори, што треба да се одржат во септември.