Штрајковите на работниците кои бараат зголемување на платите го нарушуваат сообраќајот за време на празниците во Велика Британија и Франција

Од:

Патниците во Велика Британија денеска се соочуваат со можни одложувања на летовите на аеродромите поради штрајк на службениците за пасошка контрола во последниот од серијата прекини на работа поради платите и зголемената криза на трошоците за живот што ја потресува земјата.

Франција се подготвува за слични нарушувања на патувањата за време на божиќните празници со најавениот штрајк на француските железнички кондуктори кој треба да трае до 25 декември. Штрајк на британскиот пограничен персонал е најавен до крајот на годината, со исклучок на следниот вторник.

Стотици илјади патници би можеле да бидат погодени, иако британската Влада соопшти дека подготвува воен персонал и вработени од други јавни служби за помош на аеродромите.

Штрајковите вршат притисок врз конзервативната влада на премиерот Риши Сунак, која ги отфрла барањата на работниците во јавниот сектор за значително зголемување на платите.

Инфлацијата во ноември изнесуваше 10,7 отсто, поттикната од растот на цените на храната и енергијата како резултат на пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија на Украина.

Сунак изрази жалење за штрајкот и нагласи дека Владата постапила „сосема разумно“ во преговорите за платите во јавниот сектор. Илјадници медицински сестри на NHS го одржаа својот втор 24-часовен штрајк овој месец во вторник. Екипите на Брзата помош исто така штрајкуваа на почетокот на оваа недела и планираат нов штрајк на 28 декември.

Штрајковите, исто така, ја прекинаа испораката на пошта, одржувањето на патиштата и тестовите за возење. Дополнителни тешкотии при патувањето се предвидуваат за утре на Бадник, кога се очекува да бидат откажани повеќето возови.

Протестите на работниците ширум Британија се очекува да продолжат и во Новата година, кога се планирани дополнителни штрајкови. Медицинските сестри денеска најавија дека планираат штрајк на 18 и 19 јануари.

Франција се соочува со слични проблеми и празнични штрајкови.

Околу половина од диспечерите на возовите на француските железници штрајкуваат за божиќниот викенд. Третина од возовите се откажани денеска, а 40 отсто се откажани за сабота и недела, соопшти националната железничка компанија СНЦФ.

Штрајкувачите бараат повисоки плати и повеќе персонал. Штрајкот е еден од неколкуте во Франција поттикнати од зголемените трошоци за живот, вклучително и високите цени на енергијата во последните месеци. Брзите возови од Франција до Шпанија и Италија, како и регионалните услуги, исто така, ќе имаат прекин.

Кондуктерите бараат зголемување на платата за повеќе од 12 отсто, како што е понудено од компанијата SNCF.

Би можело да ве интересира

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Во Англија пациентите на кардиологија чекаат повеќе од една година за лекување

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски