Штрајкот против мерките за штедење ја парализира Белгија

Од:

Штрајкот на пристанишните работици и на вработените во транспортот поради новите мерки за штедење на белгиската Влада денеска го парализираше сообраќајот во Белгија, а особено во второто по големина европско пристаниште, Антверпен.

Штрајкот е дел од планираната серија протести поради плановите на белгиската Влада на десниот центар од следната година да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години и да им олесни на работодавачите да ги отпуштаат работниците.

Синдикатите најавија дека слични акции ќе организираат се додека Владата не се откаже од најавените мерки, а за 15 декември е закажан генерален штрајк во цела Белгија.

Вработените во неколку сектори денеска ја прекинаа работата во четири од десет белгиски провинции и значително го блокираа сообраќајот во целата земја, а посебно во пристаништето Антверпен.

Брзата железница меѓу Брисел и Париз исто така е во прекин, а сите поаѓања за Амстердам се целосно откажани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети