Штрајк на вработените во најголемата вселенска опсерваторија во светот

Од:

Вработените во најголемата вселенска опсерваторија стапија во штрајк со барање за повисоки плати и подобри услови за работа.

Речиси 200 вработени во станицата на радиотелескопот во пустината Атакама во Чиле бараат зголемување на платите за 15 проценти и додаток за работа на голема надморска висина во изолиран реон.

Радиотелескопот во Атакама, познат како АЛМА (Atacama Large Millieter/submillimeter Array) се наоѓа на околу 5.000 метри надморска висина во близина на селото Сан Педро де Атакама на 1.700 километри северно од Сантјаго.

Вработените се изложени на силни ветрови, разреден воздух и температурни промени. Тие работаат на смени по 12 часа осум денови, а потоа им следат шест денови одмор. Вработените тврдат дека таквите смени се неиздржливи.

Местото е добро за вселенски набљудувања поради мала влажност и слабото мешање на други радиосигнали. АЛМА е проект финансиран од САД, Канада, Јапонија и Европа и чини 1,4 милијарда долри.

АЛМА почна со работа пред пет месеци, а предвидено е да трае 10 години.

Радиотелескопот користи 66 атени, кои можат да работаат во исто време и дејствуваат како единствен гигантски телескоп. Направените снимки се обработуваат од Корелатор, еден од најмоќните комјутери во светот, кој може да извршува до 17 квадрилиони операции во секунда.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ