Штрајк на вработените во француската железница

Од:

Работниците во француската железница денеска стапија во штрајк, откако претходните два дена протестираа контролорите на летање, незадоволни од либерализација на воздушната контрола во Европа.

Се очекува денеска да бидат откажани околу 70 отсто од планираните тргнувања на возовите во Франција, а посебно ќе биде загрозен железничкиот сообраќај во Париз каде е гарантирано секое трето тргнување.

Штрајкот на железничарите, кои протестираат поради реорганизацијата на националната железничка компанија, започна синоќа а ќе трае до утре наутро.

Истовремено штрајкот на котролорите на летање, поради кој во текот на претходните два дена беа откажани повеќе од илјада летови ширум Франција, заврши и авио-сообраќајот почнал да се нормализира.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина