Штрајк на вработените на аеродромот во Хамбург

Од:

Вработените на аеродромот во Хамбург од ноќеска почнаа 24-часовен штрајк со барање за поголеми плати и подобри услови за работа, поради што до пладне се откажани околу 110 летови, јавија германските медиуми.

– Ситуацијата е потензична во споредба со минатата недела, изјави портпарол на аеродромот во Хамбург, нагласувајќи дека во текот на денот ќе бидат откажани уште летови.

Според неа во најлош случај може да се создаде до четиричасовно чекање во редови. – Создавањето на една ваква ситуација е неодговорно однесување на штрајкувачите, изјави портпаролот на аеродромот.

Околу 600 вработени во секторот за контрола на патниците минатата недела два дена штрајкуваа, а во јануари еден ден, барајќи цената за еден час работа да се зголеми на 14,50 евра.

– Штрајкот за жал е неизбежен, изјави синдикатот Верди, кој е организатор на штрајкот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија