Штрајк на таксистите го блокира сообраќајот кон Прага

Од:

Неколку стотици таксисти блокираа по една лента во секоја насока од автопатот што води кон Прага, протестирајќи против смената на правилата кои важат за нив, јави дописникот на МИА.

Протестот, го организира Асоцијатата на концесионери на такси служби, која бара да продолжат преговорите со локалната самоуправа за покачување на цената за километар возење.

Според градоначалничката Адријана Крначова, преговорите се неуспешни поради тоа што таксиситите ги немале потребните документи, а тие пак се жалат дека надлежниот орган без причина ги одбил нивните барања.

– Со штрајкот не се согласувам. Таксиситите за тоа немаат вистинска причина. Само се жалат, уценуваат и ги земаат пражаните како заложници, што значи дека луѓето нема да стигнат на време на работа или на училиште, изјави Крначова.

Таксистите штрајкуваа и во летните месеци минатата година, поради одлуката на Градот да биде испитано нивното знаење на локациите во градот и владеењето на странски јазици.

Прашката локална самоуправа, во рамки на своите надлежности, долго време се обидува да го спречи нелегалното „таксикарење“ иако забрана за вршење на такси услуги носи Министерството за сообраќај.

Дел од големите такси-служби не се согласуваат со денешниот протест. Во градот се регистрирани над 5.500 такси-возачи.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница