Штрајк на наставниците во јужен Тајланд, поради бранот насилства

Од:

Наставниците од јужниот дел на Тајланд денеска повикаа на дводневен штрајк со барање за подобрување на безбедноста во регионот, каде 157 учители се убиени во изминатите осум години, јави ДПА.

Штрајкот ќе се одржи во четврток и петок во околу 1.300 училишта во провинциите со мнозинско муслиманско население Наративат, Патани и Јала, изјави Бунсонг Тонгсипли, претседател на Федерацијата на наставници од провинциите во јужниот дел.

– Треба да се сретнеме со заедниците и властите со цел да разговараме околу решенија за подобрување на безбедноста на наставниците, нагласи Тонгсипли.

Иако, околу 90 проценти од населението во Тајланд се Будисти, сепак трите најјужни провинции се претежно муслимански.

Милитантите бараат независност за трите провинции или приклучување кон соседна Малезија.

Околу 5.300 лица се убиени во бомбашки напади, престрелки, бесења и пожари откако долгогодишниот бунт доби на интензитет во 2004 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач