Штрајк на германските аеродроми

Од:

Вработените во безбедносните служби на аеродромите во Дизелдорф и Хамбург стапија во штрајк барајќи повисоки плати, поради што илјадници луѓе не можеа да отпатуваат.

На аеродромот во Дизелдорф штрајкуваат околу 400 работници, а 183 летови се одложени за петок, додека на аеродромот во Хамбург, откажани се 103 летови, објави Ројтерс.

Синдикатот Верди, претходно ги повика вработените во безбедносните служби во приватниот сектор да ја сопрат работата од утринската смена до полноќ и предупредија дека штрајкот ќе продолжи доколку не се постигне договор со работодавачите за зголемување на месечните примања.

Се проценува дека повеќе од 70 проценти од вработените во безбедносните служби на аеродромите, припаѓаат на најниската плата група, заработувајќи бруто 8,23 евра на час.
Синдикатот бара платите да се зголемат за околу 2,5 до 3,5 евра на час.

Вработените во безбедносните служби на аеродромите во Дизелдорф и Келн од истата причина штрајкуваа и минатиот месец, кога беа откажани повеќе стотици летови.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија