Кога неодамна го прашав Сем Харис што мисли за зборот „исламофобија“, тој ме упати на еден твит каде е забележано следново: „Исламофобија: збор измислен од фашисти и го користат кукавици за да манипулираат со морони“.
– Не мислам дека овој твит е претеран, рече Харис, атеист и автор чии убедливи критики за исламот (и за „спомнувањето на исламофобија“) на Риалтајм со Бил Махер, распали широка дебата во врска со исламофобијата – и за феноменот и за самиот збор – во добата на Идил и на исламистичките политики.
– Исламот не е раса, етникум или националност. Тоа е збир на идеи, ми рече Харис. „Критикувањето на овие идеи не треба никогаш да се меша со анимозитетот кон луѓето. Но сепак е така. Убеден сум дека ова често се прави свесно, стратешки и прилично цинично, како средство за замолкнување на конверзацијата за важни нешта“.
Некои ја припишуваат популаризацијата на терминот „исламофобија“ на една серија од истражувања направени во 90-ите од Ранимед траст, британска левичарска тинк-тенк организација. Во еден извештај од 1997 година, насловен како „Исламофобија: Предизвик за сите нас“ се документираат „затворени“ ставови за Исламот во Велика Британија, меѓу кои и перцепцијата за религијата како единствен блок кој е варварски, сексистички и вклучен во терористички активности.
Но Робин Ричардсон, кој беше уредник на извештајот на Ранимед и во моментов работи за консултантската куќа за образование Инстед, смета дека оваа тинк-тенк организација само го искористила овој термин по неговата претходна употреба. Во еден скорешен извештај, тој ја открил фразата кај Ален Квелиен кој го користел францускиот збор исламофобија во 1910 година за да ја критикува француската колонијална админстрација заради нивниот третман на муслиманските субјекти.
Ричардсон тврди дека постколонијалниот теоретичар Едвард Сејд бил првиот кој го искористил овој збор во Англискиот јазик, кога во 1985 година пишувал за „врската… помеѓу исламофобијата и антисемитизмот“ и ги критикувал писателите кој не препознавале дека „нетрпеливоста кон Исламот во модерниот христијански запад историски оди рака под рака со антисемитизмот и произлегува од истиот извор, и бил негуван од истата струја“.
– Во своето првично користење во историјата, терминот „исламофобија“ опишувал предрасуди и нетрпеливост кон муслиманите – а не „ирационален страв од исламот“, ми рече Нејтан Лин, автор на книгата „Индустријата за исламофобија“. „Критичарите на овој термин често се потпираат на основа на недостиг од негова етимологија, и потенцираат дека ја спречува можноста за критика на Исламот како религија, додека истовремено го наведува присуството на ментално пореметување кај дел од оние кои го прават тоа“.
– Религиите се разликуваат, а нивните специфични разлики се важни, објаснува Харис. „А вистината е дека Исламот има докрини кои се односуваат на џихадот, мачеништвото, верското отпадништво, и тн., и кои претставуваат посебен проблем за цивилизираниот свет во овој момент од историјата“.
– А ние го негираме ова и тоа оди на наша штета, додава тој.
Харис и Махер, кој искажа слични критики за Исламот, имаат свои бранители, но многу други се спртотивставија на нивните ставови. Во размена на мислења на Си-Ен-Ен, на пример, новинарот Реза Аслан ги опиша ставовите на Махер за Исламот како „неиздржани“ и побара медиумите генерално да ги ословуваат како „муслимански држави“ кога зборуваат за насилниот екстремизам и опресијата врз жените. „Во Индонезија жените се апсолутно 100 проценти еднакви со мажите“, забележа тој. „Во Турција има повеќе женски парламентарци, повеќе највисоки државни службеници има во Турција отколку што имаме во САД“.
– Не зборуваме за жените во муслиманскиот свет, а користиме само два-три примери за да ја оправдаме оваа генерализација. Тоа всушност е дефиниција за фанатизмот, рече Аслан.
Но дали самиот термин „исламофобија“, со неговите конотации за психолошко нарушување, е навредлив збор?
– Навредлив е во очите на оној кому му се обраќаме, вели Вилијам Даунс, лингвист од Универзитетот Јорк во Торонто, кој е фокусиран на религијата. „Клучното прашање е за кого е навредлив? Овој термин можеби е навредлив ако е наменет за исламската заедница… дека во тие општества има такви кои активно не им се допаѓа и се плашат до него затоа што го идентификуваат со терористички закани или со егзистенцијална закана“, продолжува тој и забележува дека овој збор придонесува за „означување“ на муслиманите како посебна група.
Според Ричардсон, жали затоа што го користел терминот во извештајот на Ранимед од 1997 и забележал осум проблеми со користењето на зборот „исламофобија“ како опис за антиисламско лице или активност. Означување некого како исламофоб, вели тој, наведува дека се тие „луди или нерационални“, со што се спречува конструктивниот дијалог, го осиромашува во контекст на специфичните корени на наводната нетрпеливост, и погрешно го портретира стравот од муслиманите како состојба на малцинство.
– Клучниот феномен со кој треба да се справиме е несомнено антимуслиманската нетрпеливост, имено нетрпеливоста кон етно-религозниот идентитет во рамките на западните општества (вклучувајќи ја и Русија), наместо нетрпеливост кон учењата и практикувањето на една светска религија, напиша Ричардсон. „Во 1997 година, дефиницијата на Ранимед за исламофобијата беше `кратенка за опишување на стравот или омразата кон Исламот – и оттука да се плашите или ги несакате сите или скоро сите муслимани`. Наместо ,тоа би било поточно, или дискутабилно дали навистина е тоа поточно, да се рече `кратенка за опишување на стравот или несакањето на сите или повеќето муслимани – и оттука стравот или омразата кон Исламот“.
Во меѓувреме, Аслан го поддржува овој термин. „Тоа е исправен збор“, ми рече. „Како и со секој вид на отпадништво, антимуслиманското чувство не е засновано на рационален одговор, туку на емоционален. Отпадништвото е резултат на стравот. Да зборуваме за него како фобија има смисла“.
– Отпадништвото доаѓа од срцето, а не од умот, продолжува тој. „Проблемот со емоционалниот одговор како што е стравот и дека е тоа под влијание на податовите и информациите. Би рекол дека сиот расизам или отпадништво е фобија во една или друга смисла. За мене, исламофобијата е неологизам кој функцонира“.
Всушност, Аслан повеќе го избира зборот „фобичен“ наместо префиксот „анти“. „Користењето на зборот антисемитизам нема смисла, затоа што можете да бидете евреин, а не и семит, и да бидете семит, а не и евреин“, вели тој. „Како и секој збор, исламофобијата е на крајот заснована на консензус од оние луѓе кои го користат, и наспроти фактот што анстисемитизмот не е исправен збор кој буквално ја опишува одбивноста кон евреите, но излегува дека тоа значи. Со други зборови, можеби тоа не е најточниот термин, но функцонира“.
Нејтан Лин не е ентузијаст во врска со терминот, но не наоѓа подобра алтернатива за него. „Дали некои луѓе неодговорно го користат зборот исламофобија? Се разбира да, вели тој. „Дали тоа значи дека зборот е лош во целина или треба да го заобиколуваме? Апсолутно не. Ако го сториме тоа, ќе го негираме постоењето на реалната закана со која се соочуваат муслиманските општества со ограничување на начинот на кој зборуваме, пишуваме и размислуваме за тоа. Тоа исто не спречува од пронаоѓање на изедначен начин да одиме напред“.