Гугл спаѓа меѓу најпосаканите компанииз а работа, но судејќи според прашањата на тестот за нови кандидати за рбота тешко се стигнува до тоа работно место.
Вилијам Паундстоун, автор на книгата „Дали сте доволно паметни да работите во Гугл?“ објаснува какви се задачи Гугл поставува пред своите потенцијални работници.
Тој во книгата открива како да брилјирате на тестирањето во разговорот за работа во оваа компанија, а открива и некои прашања кои се поставуваат на конкурсите за Гугл, пишува „Дејли Мејл“ .
Како што тврди тој во книгата, менаџментот за човекови ресурси предвидува дали некој од кандидатите ќе ги задоволи барањата за извршување на работата, така што им постаува тешки задачи.
Така на списокот на прашања на тестот меѓу другото се и следните:
Зошто капаците на шахтите се округли? Колку тоалетна хартија е потребно за да се покрие цел Тексас? Намалени сте на големина на паричка и ставени во миксер кој ќе почне да работи за 60 секунуди. Што ќе правите? Колку би наплатиле за перење на сите прозорци во Сиетл? Колку годишно се произведуваат правосмукалки?
Осмислете план за евакуација на Сан Франциско. Кој е наредниот број во низата: 10, 9, 60, 90, 70, 66? Каде побрзо се плива во вода или во сируп? Колку пати во денот стрелките на часовникот се поклопуваатт? Маж својот автомобил го дотуркал до хотелот и го изгубил целото свое богатство. Што се случило?
Засега од компанијата Гугл немаат коментар на оваа книга и задачите во која во неа се опишани, но една поранешна вработена во компанијата тврди дека не е вистина дека пред кандидатите за работа се поставуваат такви проблеми.