Што сè наследи новиот крал на Велика Британија?

Од:

На новиот крал Чарлс Трети нема да му треба пасош или возачка дозвола, туку ќе ги поседува сите лебеди на територијата на Обединетото Кралство, што е само дел од шареното наследство што му припаѓа.

Принцот Чарлс со 73 години е најстариот човек кој некогаш го презел британскиот трон. Тој стана крал Чарлс III по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, но доби и разнобојно наследство.

Британскиот монарх е главно церемонијална личност и генерално се очекува да остане надвор од политичките работи. Но, сепак монархот има одредени уставни овластувања и некои необични придобивки.

Новиот крал на Велика Британија ќе патува без пасош и ќе вози без дозвола, ќе ги поседува сите лебеди во Англија и можеби ќе ја продолжи традицијата двапати годишно да го слави својот роденден.

Мајката на Чарлс, кралицата Елизабета Втора, имаше два родендени – нејзиниот вистински роденден на 21 април, кој се славеше приватно, и официјалната јавна прослава – во вториот вторник во јуни, кога поубавото време беше обично подобро за парада на отворено.

Бидејќи роденденот на Чарлс е во студениот период – 14-ти ноември, веројатно е дека и тој ќе го има својот „официјален роденден“ во потопол месец.

Британскиот монарх не владее само со народот. Од 12 век, лебедите на отворени води низ Англија и Велс се сметаат за сопственост на монарсите.

Секоја година, кралските права се остваруваат на делови од реката Темза, каде што се бројат лебедите во согласност со традицијата која сега стана мерка за заштита. Ова се однесува на есетрата, делфините и китовите во британските води.

Кралот Чарлс го наследува не само тронот, туку и приватното богатство на кралицата Елизабета, без данок на наследство.

Од британските монарси не се бара да ја обелоденат вредноста на нивните „приватни финансии“, но според „Листата за богаташи“ на „Сандеј тајмс“ за 2022 година, кралицата поседувала околу 370 милиони фунти (426 милиони долари).

Најголемиот дел од личното богатство на покојниот суверен ќе го добие Чарлс Трети.

Чарлс ја наследува и Кралската колекција на уметност и накит, официјални резиденции, Кралскиот архив, накит на круната, кои се проценуваат дека вредат најмалку три милијарди фунти.

Приватното богатство на кралицата ќе биде додадено на богатството на Чарлс, кое веб-страницата celebritynetworth.com го процени на околу 100 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Чарлс III допатува во приватната повеќедневна посета на Романија

Чарлс III е крунисан за крал: „Да живее кралот“ одекнуваше низ Вестминстерската опатија

Горан Наумовски

Лондон е подготвен за спектакл каков што не е виден во последните 70 години

Горан Наумовски

Уапсен e мажот кој фрлаше јајца кон кралот Чарлс

Малку познати детали од животот на кралот Чарлс Трети

Горан Наумовски

Кралот Чарлс е именуван за шеф на Австралија и Нов Зеланд

Горан Наумовски