Новиот народен фронт (НФП), левичарски сојуз формиран во последен момент за борба на изборите, според анкетите освои најмногу места во францускиот парламент. Но, нема апсолутно мнозинство.
Ова значи дека сè уште не е јасно кој ќе ја води Франција.
Многу ќе зависи од рамнотежата на моќта во рамките на НФП. Нејзините составни групи се движат од социјалдемократи до тврдокорни антикапиталисти. Некои умерени социјалисти би можеле да бидат во искушение да се одвојот и да се приклучат на коалицијата на Макрон за да формираат централно-левичарска влада.
Ако не може да се состави ниту едно мнозинство, тогаш претседателот Макрон може да побара од најголемата партија да води малцинска влада. Алтернативно, тој би можел да назначи технократска влада, но веројатно нема да опстане долго.
Аналитичарите предвидуваат дека би можело да дојде до нестабилност, особено затоа што претседателот не може да распише нови парламентарни избори уште една година.
Францускиот премиер Габриел Атал вечерва соопшти дека утре ќе му понуди оставка на претседателот Емануел Макрон, откако неговата центристичка коалиција „Заедно“ го зазеде второто место на денешните избори.
Тој посочи дека ќе ја извршува функцијата премиер се додека „должноста тоа го бара“.
Атал истакна дека „екстремните партии“, вклучително и екстремно десничарскиот Национален собир (РН) и левичарската коалиција Нов народен фронт, нема да можат да формираат влада по парламентарните избори.