Штетата од ураганот Ијан во државата Флорида изнесува меѓу 28 и 47 милијарди долари

Од:

Флорида, Северна и Јужна Каролина денеска се обидуваа да се опорават од уништувањето предизвикано од ураганот Ијан, откако една од најмоќните бури што некогаш го погодила континенталниот дел на САД предизвика штета од десетици милијарди долари и смрт на повеќе од 20 луѓе .

Ијан слабее, но сепак се прогнозира дека ќе создаде неизвесност во делови од Каролина, Вирџинија и Западна Вирџинија до сабота изутрина (по локално време), според Националниот центар за урагани.

„Опасните бранови, поројните поплави и силните ветрови продолжуваат“, се вели во соопштението.

Ураганот во средата го зафати брегот на Заливот на Флорида, претворајќи ги крајбрежните градови во зони на катастрофа. Вчера го погоди крајбрежниот Џорџтаун, северно од историскиот град Чарлстон, Јужна Каролина, со ветрови од 140 км/ч. Патиштата беа поплавени и блокирани од дрвја, а оштетени се и голем број столбови.

Осигурителните компании се подготвуваат да исплатат отштета од 28 до 47 милијарди долари, што може да биде најскапата бура на Флорида од ураганот Ендру во 1992 година.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера прогласи состојба на катастрофа, според која федералните ресурси ќе бидат достапни за местата погодени од невремето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Флорида не помина предлогот за вклучување на абортусот како уставно право

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен