Штајнмајер: Санкциите на ЕУ може да ја дестабилизираат Русија

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изрази денеска загриженост дека санкциите на ЕУ против Русија поради Украина може да ја дестабилизираат и предупреди за опасноста од нивно дополнително зајакнување.

Изјавата на Штајнмаер за германскиот неделник „Шпигел“ покажува можно ублажување на позицијата на овој министер, член на традиционално пријателски настроената кон Русија Германска социјалдемократска партија, што досега се придржуваше кон строгата позиција на канцеларката Ангела Меркел кон Москва.

Германскиот министер нагласува дека драстичниот пад на рубљата и намалувањето на цените на енергенсите создаваат економска и финансиска криза во Русија, што ќе влијае на политичкиот пејсаж во земјата.

– Не може да е во наш интерес тоа да излезе надвор од контрола, изјави Штајнмајер, додавајќи дека треба да се има предвид тоа при политиката на санкции.

Германскиот министер изрази загриженост за опасноста од дестабилизација на Москва, ако Европа не ги намали санкциите. Тој истакна дека кризата во Русија ќе создаде само поголема несигурност и затое е против дополнителни санкции.

Државните раководители од ЕУ денеска ја предупредија Русија дека се подготвени да продолжат со санкциите, ако претседателот Владимир Путин не се повлече од Украина.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија