Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја почна денеска дводневната посета на Блискиот Исток со средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала, на која разговарале за напнатоста во Ерусалим и на Западниот Брег.
Штајнмаер ја посети исто така и германската евангелистичка фондација „Августа Викторија“ во Ерусалим.
Програмата на Штајнмаер предвидува за утре средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со министерот за надворешни работи Авигдор Либерман.