Штајнмаер: Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија

Од:

Не е тајна дека некои земји-членки на Европската унија се скептични во однос на продолжување на санкциите против Русија поради украинската криза и неизвесно е дали Унија ќе одлучи санкциите да бидат обновени, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

– Санкциите се тука за да обезбедат политичко решение. Не знам што ќе одлучи Европскиот совет за санкциите против Русија, рече Штајнмаер.

Шефот на германската дипломатија исто така изрази надеж дека минатонеделното ослободување на украинскиот пилот Надја Савченко од руски затвор ќе воведе нова динамика во преговорите меѓу Русија и Украина.

Санкциите во областа на енергетиката, финансиите и одбраната, кои се воведени кон Русија поради нејзината улога во судирите во Украина, истекуваат во јули.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија