Штајнмаер: Контакт групата за Украина ќе се состане на 21 декември во Минск

Од:

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, денеска побара новата седница на Контакт групата за мировните преговори за украинската криза да се оддржи на 21 декември во Минск.

– Побарав состанокот да биде одржан преку видео-конференција. Можеби уште во недела. Има многу предуслови за тоа, рече Штајнмаер по разговорот со украинските лидери, пренесува ТАСС.

Денеска се одржа таканаречена видео-конференција (на скајп) за Украина, која беше предвидена за 10 декември.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во пресрет на денешната скајп-конференција апелира Контакт група да се состане што е можно поскоро и предложи тоа да биде на 21 декември.

Двете завојувани страни на истокот од Украина на 5 септември во Минск се согласија за прекин на огнот и за размена на заробеници во текот на преговорите, во кои посредуваше ОБСЕ.

Тогаш беше усвоен Протоколот што предвидува забрана за употреба на тешко вооружување. Септемврискиот договорен прекин на огнот, меѓутоа, постојано го прекршуваат двете судрени страни, но ракетните напади се значително намалени од почетокот на декември.

Ваквата ситуација даде надеж дека може да дојде до деескалација на конфликтот, во кој од април се убиени повеќе од 4.700 лица.

Портпаролот на украинската армија, Андреј Лисјенко, рано денеска изјави дека во изминатите 24 часа во нападите на проруските сили убиени се пет украински војници, а седуммина се ранети. Тоа, според оценката на украинската војска, е поголем број настрадани отколку во целата измината недела.

-Засега се користени само пушки, не се употребени тенкови или артилерија. Не можеме да кажеме дека е дојдено до ескалација на ситуацијата, рече портпаролот Лисијенко.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија