Штајнмаер и Зеленски ги надминале недоразбирањата околу посетата на Киев

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го надминал спорот околу идната посета на Киев, што првично беше одбиена, соопшти претседателскиот кабинет во Берлин, пренесе ДПА.

Штајнмаер кон средината на април планираше да замине за главниот град на Украина, заедно со претседателите на Полска, Летонија, Естонија и Литванија, но во куса порака му било кажано да не доаѓа.

Одлуката на Киев беше донесена во услови на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех за време на неговото министерување со ресорот за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи за заканата од руска агресија.

ДПА појаснува дека Штајнмаер во денешниот телефонски разговор на Зеленски му ја изразил својата „солидарност, почит и поддршка за храбрата борба на украинскиот народ против рускиот агресор“, а двајцата шефови на држави го опишаа разговорот како „многу важен“ и „многу добар“, соопштија од претседателскиот кабинет.

Оттаму додаваат дека и Штајнмаер и левичарската влада на канцеларот Олаф Шолц биле поканети во Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира