Штајнмаер: Германија е одговорна за својата историја

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека Германија нема право да ги заборави злосторствата извршени од нацистичките власти во Европа и дека мора да го спречи уништувањето на демократијата денес.

„Едноставно е невозможно да се скрие историската вистина. И не смееме да престанеме да зборуваме за тоа со идните генерации… Задачата на нашата генерација е да работиме против заборавањето насекаде во Европа. Ако антисемитизмот стане секојдневие кај нас, на нашите улици и плоштади, во училиштата и на универзитетите, никогаш не смееме да го дозволиме тоа во земја со наша историја Холокаустот е дел од германската историја, сакале ние или не, тоа е дел од нашиот идентитет“, рече тој на специјална седница на Бундестагот, каде пратениците и највисокото раководство на државата изневерија почит на жртвите на националсоцијализмот, пренесува Тагесшау.

Штајнмаер изјави дека она што Германците и нивните соучесници го спроведоа на територијата на денешна Украина е кампања на истребување што започна уште пред Германците да почнат да го спроведуваат планот за систематско убивање на европските Евреи во концентрационите логори.

Би можело да ве интересира

Штајнмаер го распушти Бундестагот, парламентарните избори во Германија на 23 февруари

Штајнмаер: Бенедикт Шеснаесетти беше посредник меѓу религиите

Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

А1он

Штајнмајер: Целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

А1он

(ВИДЕО) Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Катерина Ѓуровски

Штајнмаер и Зеленски ги надминале недоразбирањата околу посетата на Киев

А1он