Штајнмаер: ЕУ и предлага на Молдавија соработка, а не членство

Од:

Со потпишување Договор за асоцијација, ЕУ и предложи на Молдавија соработка, а не интеграција, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во Букурешт, каде вчера се сретна со романскиот претседател Клаус Јоханис.

– Не зборувам за членство во ЕУ, туку за подлабока соработка со Молдавија, за модернизација на земјата, истакна шефот на германската дипломатија.

Иако Договорот за асоцијација не значи влез на Молдавија во Унијата на краткорочен план, Германија планира на секој можен начин да и помогне на поранешната советска република во спроведување на реформите и уредување на придњестровскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он