Штајнмаер: Бегалската криза не смее да внесе судири на Балканот

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер предупреди денеска дека не смее да се дозволи несогласувањата околу реакцијата на бегалската криза да доведат до нови судири меѓу државите од поранешна Југославија.

– Мораме да обезбедиме, пред се, движењето на бегалците да не донесе нови судири во регионот во кој напорно работевме претходните години на смирување на конфликтната ситуација по распадот на Југославија, изјави Штајнмаер пред новинарите во Берлин.

Во последните неколку месеци стотици илјадници бегалци од Блискиот исток минуваат по балканската рута во настојување да дојдат до Западна Европа. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер по тој повод, в недела ќе одржи итен состанок со лидерите од државите од Западен Балкан и лидерите на некои членки на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Ескалира инвазијата на Албанците на „островот“: Британија „гори“, Еди Рама твитува

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

А1он

МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед минале низ Македонија

А1он

Депортирани 59 Срби и Македонци од Германија

Емир Латифовиќ

Повторно фатени емигранти на „Богородица“

Емир Латифовиќ