МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед минале низ Македонија

Од:

МВР регистрирала четворица мигранти со сириско потекло кои транзитирале низ земјава под името Ахмад Алмохамед, за кое се претпоставува дека е идентитетот на еден од извршителите на терористичките напади во Париз, во петокот минатата недела, јави „Мета“, повикувајќи се на извори од МВР.

Досега се регистрирани четири лица по име Ахмед Алмохамед, сите по потекло од Сирија, сите со различна година на раѓање и влегле на различен датум.

Во врска со информацијата што ја пренесе грчкиот весник „Прототема“, според која, заедно со Ахмад Алмохамед, патувало уште едно лице, со име Мохамед Алмухамед, од МВР велат дека нема податоци за лице кое под тој идентитет влегло во Македонија.

„Во согласност со извршените проверки во нашите евиденции, констатирано е дека лицето Мохамед Алмухамед досега не е регистрирано и не постојат податоци дека остварило влез во Република Македонија“, стои во дописот од МВР на прашањата на „Мета“.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи