Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Од:

Вчера, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци – Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски таблички, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР.

Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца.

Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а другите ќе бидат вратени во Грција, од каде нелегално влегле во земјава.

Возачот успеал да им побегне на полицајците и во тек се мерки за негово пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

Ескалира инвазијата на Албанците на „островот“: Британија „гори“, Еди Рама твитува

МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед минале низ Македонија

А1он

Штајнмаер: Бегалската криза не смее да внесе судири на Балканот

Емир Латифовиќ

Депортирани 59 Срби и Македонци од Германија

Емир Латифовиќ

Повторно фатени емигранти на „Богородица“

Емир Латифовиќ