Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск ја прифати оставката на Агњешка Квјатковски-Гурдак, шеф на Централното биро за борба против корупцијата (ЦБА), бидејќи истрагата за случајот со шпионирање на новинари и невладини активисти користејќи израелски софтвер „Пегазус“ продолжува.

Според Министерството за правда, речиси 600 луѓе биле мета на шпионски софтвер во периодот од 2017 до 2022 година во времето кога поранешната владејачка партија ПиС го истражувала случајот.

Полските медиуми објавија дека Туск чека итни појаснувања во врска со неодамнешното сведочење на Квјатковска-Гурдак пред парламентарната истрага за скандалот „Пегазус“.

Во текот на јавниот дел од рочиштето, Квјатковски-Гурдак, повикувајќи се на оперативна тајност и доверливост на кривичната постапка која е во тек тврдеше дека не може да открие поголем дел од информациите. Членовите на истражниот комитет ја критикуваа Квјатковска-Гурдак, обвинувајќи ја дека премногу широко го толкува нејзиното право да сокрива информации.

Набргу по сослушувањето, Туск побара итен годишен извештај за ЦБА од министерот за внатрешни работи Томаш Симониак, под чие министерство е Централното биро за борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

Сикорски: „Вооружена Германија во рацете на крајната десница е ризик за Европа“