„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата. Тој откри дека на 21 ноември бил тестиран еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел како одговор на нападите на украинските вооружени сили со ракети.

Странските медиуми привлекуваат внимание на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „предупредување“ и наводно „закана“ за Западот, а пишуваат и за тестирањето на најновата ракета со среден дострел.

Британскиот весник „Мирор“ изјавата на Путин ја нарече предупредување. Американскиот магазин „Њузвик“ истакна дека Путин тестот го нарекол успешен.

Како што пишува „Гардијан“, Путин рекол дека суперсоничната ракета била истрелана кон реките Днепар како одговор на ракетните напади на Западот врз Русија. „Њујорк тајмс“ пишува дека Путин го нарече ракетниот напад „закана за Западот“, пренесува Спутник.

Германски „Шпигел“ тврди дека Путин наводно се заканува со нови напади.

Би можело да ве интересира

Володин: Секоја дискусија за убиството Путин е почеток на нуклеарна војна

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон