Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент, кој објави дека ќе се врати во германската политика, се откажа од кандидатурата за канцелар на Германија на изборите следната година, пишува денеска списанието „Шпигел“.
Неделникот без да го посочи изворот на информацијата нагласи дека Шулц пред свои блиски соработници пред Божик изјавил оти повеќе не очекува дека ќе биде номиниран за канцелар од неговата партија, Германската социјал-демократска партија (ГСДП) и дека поради тоа нема да се кандидира.
Доколку неговата одлука се потврди ќе се расчисти патот за претседателот на ГСДП Зигмар Габриел, кој може да стане личноста која се се соочи со кацеларката Ангела Меркел на парламентарните избори во септември 2017 година.