„Шпигел“: Оланд тврди дека нема несогласување со Меркел

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд негираше дека замрзнал соработка со германскиот канцелар Ангела Меркел до изборите во Германија во септември, објави неделникот Шпигел.

– Не е точно, тоа не е мојот став, изјави Оланд при разговор со луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн во Париз во петокот.

– Нема лични несогласувања меѓумене и Меркел, изјави Оланд за магазинот.

Според весникот, францускиот претседател го изјавил тоа во одговор на статија во претходниот број. Во неа се цитира советник на Меркел кој вели дека постои впечаток дека Париз нема никаков интерес да се разбере со Берлин за основните прашања пред изборите во Германија на 22 септември.

Оланд кој утре одбележува годишнина од преземањето на функцијата, за Меркел вели дека „е многусимпатичен соговорник“, додава Шпигел. Меркел и Оланд не наоѓаат заеднички ставови за политиката на Берлин за строги економски мерки.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он