„Шпигел“: Германското разузнавање користело бегалци како информатори

Од:

Во периодот 2000-2013 година германското разузнавање за собирање информации користело околу 850 лица со бегалски статус, пишува неделникот „Шпигел“, кој се повикува на одговор, добиен од Бундестагот на прашање на пратеници од партијата „Левите“.

Вистинитоста на информациите собирани на таков начин е спорна, бидејќи на бегалците често пати им се ветува статус, кој не би го добиле без да соработуваат со тајните служби, се вели во написот.

– Одделот за работа со бегалците во разузнавањето во 2014 година бил затворен, но кандидатите за азил можат и сега да бидат користени како информатори, но сега на доброволна основа, пишува неделникот.

Партијата „Левите“ ја искритикува таа пракса. – Тоа што тајните служби постојано вршат притисок врз бегалците е срамно, изјави пратеничката Мартија Ренер.

Според федералната статистичка служба во периодот 2000-2013 година во Германија барања за азил поднеле околу 910 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он