Шпански турист загинал во црква во Фиренца откако врз него паднал камен

Од:

Турист од Шпанија загина во црквата Санта Кроче во Фиренца, откако врз него, од таванот, од 20 метри височина, паднал камен широк 15 сантиметри.

Идентитетот на жртвата не се соопштува, а се знае само дека имал 52 години и дека најверојатно потекнува од Барселона.

Италијанската полиција ја затвори црквата за посетители на неодредено време, додека свештенството е шокирано, со оглед на редовното одржување на црквата последниве неколку години.

Во Санта Кроче почиваат познати личности од Ренесансата, како што се Микеланџело, Галилео и Макијавели… Се работи за една од најпознатите знаменитости и туристички атракции во Фиренца.

Би можело да ве интересира

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано