Шпанија се подготвува за целосна блокада на Мадрид поради Ковид-19

Од:

Шпанската Влада повторно препорача целосна блокада на главниот град Мадрид, откако локалните власти воведоа ограничувања во одредени области.

Тоа го соопшти министерот за здравство Салвадор Ила. Новите ограничувања се очекуваа откако потврдените случаи во државата надминаа 700.000, а повеќе од една третина од сите хоспитализирани во Шпанија се во Мадрид.

Регионалната влада во Мадрид ги прошири подрачјата под блокада. Повеќе од милион луѓе се погодени.

Антонио Запатеро, регионален заменик-началник за здравство, рече дека ограничувањата ќе влијаат на 167.000 луѓе во осум нови области. Тие нема да можат да го напуштат својот кварт, освен до работа, училиште и медицински причини.

Мадрид го зголеми бројот на блокирани области од 37 на 45. Околу 6,6 милиони луѓе живеат во главниот град, но главната грижа е што има нагло зголемување на приемите во болница. Во последната недела, речиси 500 пациенти беа хоспитализирани секој ден.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена листата на десетте најпосетувани градови во 2024

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации