Шпанија може да оди на предвремени избори

Од:

Шпанскиот премиер, Педро Санчез може да биде принуден да распише предвремени општи избори, доколку каталонските сепаратисти го отфрлат, како и што се очекува, буџетот за 2019 година, предложен од неговата малцинска влада во текот на дебатата што почнува денеска.

По пропаѓањето на преговорите со Владата во Мадрид, каталонските сепаратистичките пратеници се очекува да им се придружат на шпанските десничари во гласањето против владиниот план за јавни трошоци.

Санчез стана премиер минатата година, кога каталонските сепаратисти ја поддржаа партијата Подемос, која се спротивстави на владините мерки за штедење, и другите помали партии, во гласањето недоверба на Владата на неговиот конзервативен претходник Маријано Рахој.

Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Рахој има 84 места во Долниот дом на шпанскиот Парламент, кој го сочинуваат 350 пратеници.

Преговорите со новата сепаратистичка коалиција која ја има власта во Каталонија пропаднаа минатата недела, кога Владата на Санчез одби да прифати разговори за самоопределување на Каталонија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации