Шпанија ќе распореди 2.000 војници да помагаат околу следењето на заразените

Од:

Властите во Шпанија објавија дека во борбата против пандемијата на коронавирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените.

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.

– Не можеме да дозволиме пандемијата повторно да почне да ја презема контролата врз нашите животи. Контролата мора да ја преземеме ние и да ја разбиеме втората крива на раст на бројот на инфекции, рече Санчез.

Во Шпанија до сега се регистрирани повеќе од 405.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 28.800.

Би можело да ве интересира

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на нуклеарниот реактор во Запорожје

Израелската војска уби бремена Палестинка на Западниот Брег

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски