Шпанија ќе прими бегалци од Украина и ќе испрати војници во Летонија

Од:

Владата на Шпанија соопшти дека ќе им дозволи влез на Украинците кои ја напуштаат земјата поради руската инвазија и ќе испрати уште 150 војници во Летонија.

Владината портпаролка Изабел Родригез истакна дека украинските бегалци ќе бидат „целосно граѓани“ од моментот кога ќе пристигнат во Шпанија, „во смисла на пристап до вработување“.

Европската унија размислува да им даде на Украинците специјален статус според сè уште неискористената Директива за привремена заштита од 2001 година, која ќе им овозможи да живеат и работат во Унијата до три години.

Директивата првично беше подготвена за бегалците од конфликтите што ја зафатија поранешна Југославија. Меѓутоа, за да може да се користи алатката, квалификуваното мнозинство од државите на ЕУ – 15 од 27, што претставуваат најмалку 65 отсто од населението на Унијата, треба да ја поддржат.

Во Шпанија моментно живеат околу 112.000 Украинци, според националниот завод за статистика.

Министерството за одбрана соопшти дека Шпанија ќе испрати 150 дополнителни војници во Летонија, кои ќе им се придружат на 350 шпански војници кои се веќе таму.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година