Шолц за создавање финансиски резерви и по пандемијата

Од:

Новиот германски канцелар и досегашен министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска додека ја предаваше должноста на својот наследник во Министерството за финансии, Кристијан Линднерм, дека солидното државно финансирање мора да остане приоритет.

– Во моментов, пандемијата е најголемиот предизвик за државните финансии, но мора да продолжиме да работиме на солидно финансирање за да ги одржиме резервите. Бидејќи следна криза сигурно ќе дојде, истакна Шолц (СДП) при предавањето на должноста на Линднер (ФДП).

Тој додаде дека функцијата министер за финансии е „нешто посебно“ и дека со задоволство ја извршувал во изминатите четири години во кабинетот на Ангела Меркел.

Линднер најави дека „ќе ја збогати должноста со свои идеи“ и дека сака да биде гаранција за солидни финансии.

– Сакам моето име да се залага за одговорен однос кон парите на даночните обврзници и за стабилни финансии“, рече Линднер.

Шолц, кој вчера беше именуван за нов германски канцелар, првиот ден од новата функција се сретна и со премиерите на сојузните покраини, кои денеска ја одржуваат својата редовна конференција.

Германскиот канцелар утре патува за Париз каде ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој попладнето ќе замине во Брисел каде ќе разговара со претставници на институциите на ЕУ и НАТО. В недела Шолц патува во посета на Варшава.

Би можело да ве интересира

Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке