Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина, односно казнената тарифа за електричните возила од таа земја.

Претходно во вторникот, американскиот претседател Џо Бајден ја зголеми стапката на специјални царински санкции за тие возила на 100 проценти.

За време на посетата на Стокхолм, Шолц оцени дека Европската унија и Кина треба да „разменуваат мислења“.

„Европските производители се успешни на кинескиот пазар и таму извезуваат многу возила“, рече тој по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Дополнително, половина од електричните возила што Европа ги увезува од Кина, таму ги склопуваат европските производители, додаде канцеларот Шолц.

САД ја обвинуваат Кина за задушување на конкуренцијата на пазарот со државни субвенции. Во истата прилика, ЕУ минатата година најави дека ќе размисли за казнена тарифа.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он