Шолц: Војната во Украина нема да се претфори во судир помеѓу НАТО и Русија

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Берлин ќе остане сојузник на Киев се додека е потребно и ќе продолжи да испорачува оружје, вклучително и артилерија, со што јасно, како што нагласи, ќе се избегне војна помеѓу Русија и НАТО.

– Германија е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина. Се разбира, САД се лидери, но сите членки на ЕУ му помагаат на Киев и ќе продолжат да го прават тоа. Што се однесува до Германија, ние им помагаме хуманитарно, економски и воено, посочи Шолц на Светскиот економски форум во Давос.

Тој наведе дека Германија на Украина ќе и достави и артилериско оружје, хаубици и ракетни фрлачи со повеќе цевки.

– Секако, нема да направиме ништо сами, туку во договор во ЕУ и со САД. Храбриот украински народ може да се потпре на нас и нема да дозволиме да се претвори во конфликт меѓу Русија и НАТО, посочи Шолц.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски