Шолц: Секоја земја-членка на НАТО мора да даде се од себе за да ја поддржи Украина

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакна важноста од поддршката на НАТО на Украина и посочи дека секоја земја-членка мора да даде се од себе, имајќи ја предвид посебната улога на Германија, како најголема европска членка на алијансата.

„Германија е најголемата земја во Европа во НАТО алијансата и таквата позиција носи посебна одговорност и можам многу јасно да кажам дека ние, дека јас, ќе го исполниме она што зависи од мене“, рече тој на маргините на Самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Вашингтон, каде што на 9, 10 и 11 јули Алијансата ја слави 75-годишнината од основањето.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он